ДКСК: Средба со Меѓународниот републикански институт (ИРИ)

На ден 22.05.2019 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се одржа состанок на кој присуствуваа Претседателот на ДКСК Билјана Ивановска, членовите на ДКСК Катица Николовска, Владимир Георгиев и Нури Бајрами и административните службеници Даниела Трајчевска и Антонија А. Тасевска од Секретаријатот на ДКСК и претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На состанокот претседателката и членовите на ДКСК разговараа за: начинот на нивниот избор од страна на Собранието, нивното претходно работно искуство, работата и законските надлежностите на Државната комисија, областите во кои постапува, човечките ресурси и технички капацитети со кои располага Комисијата, проектот за поврзувањето со дата базите на другите институции како и за соработката и поддршката од странски донори.

Претставниците на ИРИ ја изразија нивната подготвеност да ја поддржат работата на ДКСК во областите од нејзиниот делокруг на работа. 

Состанокот заврши со договор за одржување на комуникација во насока на идна соработка и поддршка.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата