ДКСК: Средба со Министерот Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата каде оствари средба со претседателката и членовите на антикорупциската комисија.

Во фокусот на денешната средба беа препораките на ГРЕКО од Петтиот круг на евалуација, кој е на тема „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.

На состанокот се дискутираше и за потребата на зајакнување на антикорупциските политики и потребата од евентуална измена на законите во областа како што се Законот за заштита на укажувачи, Изборниот законик, а се дискутираше и околу потребата за носење на Закон за потекло на имот.

Воедно, на средбата се дискутираше и околу можностите за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата за поефикасна превенција и борба против корупцијата.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата