ДКСК: Средба со Високата претставничка на ОБСЕ Северино, Амбасадор на Албанија – Река и Италија – Ромео

Претседателот и членовите на Државната комисија за спречување на корупција остварија работен состанок со Високата претставничка на ОБСЕ г-ѓа Паола Северино, Амбасадор на Р. Албанија  Н.Е г-дин Фатос Река и Амбасадор на Р. Италија Н.Е г-дин Карло Ромео во пресрет на Регионалната конференцијата „Превентивни мерки и спроведување на законот: градење отпорност на корупција во Југоисточна Европа “ која се одржува од 10-11 февруари 2020 во Скопје.

На состанокот се зборуваше за местото, улога и активностите на ДКСК во однос на превенцијата од корупција како и поврзаноста на бизнисот и корупцијата од аспект на странските инвестиции.

Претседателката на ДКСК г-ѓа Билјана Ивановска на Високата претставничка г-ѓа Паола Северино и го пренесе искуството од донесување на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судир на интереси како и активностите кои комисијата ги остварува во однос на заштита на укажувачите. Воедно стана збор и за предизвиците во Република Северна Македонија во однос на интегритетот на службените лица, неказнивоста, политичко влијание и важноста од транспарентност во јавниот и приватниот сектор.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата