Државната комисија за спречување на корупцијата: Соопштение

Во претстојниот период на спроведување на активностите поврзани со закажаниот избор за претседател  на Република Македонија, како и закажаните предвремени избори за градоначалник на општина Охрид, градоначалник на општина Ново Село и градоначалник на општина Дебар,Државната комисија за спречување на корупцијата согласно одредбите од новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси нема законски основ  да дава мислења по доставени барања за мислење поврзани со начинот на постапување на министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторните тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата во текот на изборниот процес.

Оттаму Државната комисија за спречување на корупцијата повторно ги известува сите горе наведени институции дека нема да се произнесува со свое  мислење на поединечни доставени барања за мислење и воедно ги повикува институциите да ги почитуваат забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го следи целиот изборен процес и во случаите на основи за сомневање дека се прекршува законот ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување.

Извор: Државната комисија за спречување на корупцијата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *