ДЗС: Индекси на бројот на работниците во индустријата, август 2020 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2020 година, во однос на август 2019 година, изнесува 94.9.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање од 0.8 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 1.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.2 %, Капитални производи за 6.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, изнесува 95.3.

Прочитајте и дознајте:

Преземи го соопштението во целост

Извор: Државен завод за статистика