ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата, Октомври 2020

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 108.4.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствената и социјалната заштита (12.0 %), Уметност, забава и рекреација (11.6 %) и Преработувачка индустрија (11.0 %).Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.4 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.4 %) и Стручни, научни и технички дејности (3.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27 899 денари.

Прочитајте и дознајте повеќе:

Преземи го соопштението во целост

Извор: Државен завод за статистика