ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата за месец јули 2020 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 108.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12.7 %), Информации и комуникации (12.4 %) и Дејности на здравствена  и социјална заштита (12.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.1 %), Уметност, забава и рекреација (7.1 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2020 година, изнесува 27 231 денари.

Извор: Државен завод за статистика