Ѓорче Петров: Велосипедска и пешачка патека во Кучково

Градоначалникот Александар Наумоски учествуваше  на Дваесетта онлајн седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

Советот ја утврди приоритетната листа на проекти за аплицирање до МЛС/Биро за развој за регионален развој.

Општина Ѓорче Петров  учествува со проектот ,, Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка  патека со поставување на вертикална сигнализација” во Кучково.

Следната 2021 година, БРР одлучува дали ќе се финасира проектот.

Локацијата на велосипедската патека целосно се наоѓа во с.Кучково, а до неа има земјен тампониран пат кој се користи од локалните жители за викенд излети во самата планина. Се работи за кружна велосипедска патека со вкупна дожина од L=4.474, 25m’ и широчина од 2m која почнува од резервоарот за вода –на врвот до крстот во с.Кучково (надморска височина на почетокот од велосипедската патека е 690m), а потоа патеката продолжува низ ниско стеблеста шума, а во делови патеката води и низ боровата шума покрај црквата Св.Танасије. Ова е  средно-лесна патека која се води по постојната пешачка патека, има брдовит терен со спустови и успони на кратки должини. На крајот поминува низ воени градби кои се прикриени и вклопени во амбиентот на планината. Оваа велосипедска патека е наменета за пократки велосипедски рекреативни тури, за граѓани уживатели во природата и нејзините убавини, чистиот планински воздух, пејсажот на боровата шума. (Целите, резултатите и придобивките од обележување на велосипедската патека СЕ ИСТИ како и за велосипедската патека)

Локацијата на пешачката патека се наоѓа во атарот на с. Кучково. Станува збор за пешачка патека која има четири крака. Основната патека води од Црквата Крстовден до водопадот кај месноста Мала Кула со должина од 6521,54м. Од основната патека се делат три крака. Крак 1 до сред село Кучково со должина од 329,11м, крак 2 до Црквата Света Недела и Црквата Света Петка со должина од 193,42м, крак 3 до Манастир Свети  Ѓоргија со должина од 651,03 од овој крак се одвојува и патека 4 кон Крстот со должина од 715,40м која е крстена Крак 4.

Вкупната должина на пешачката патека изнесува L=8.410,5m’, а нејзината предвидена широчина е 1.5м.

Меѓу другото,  Советот ја усвои и информацијата за Програмата за развој на Скопски плански регион 2020/2024 година.

Извор: Општина Ѓорче Петров