Град Скопје: Акција за чистење на дивите депонии во населбата Визбегово

Во текот на денешниот ден, здружените екипи на скопските јавните претпријатија започнаа генерално чистење на Јадранската магистрала во населбата Визбегово.

Акцијата се одвива на потегот од булевар „Словенија“ кон Момин поток каде беа создадени нови диви депонии од несовесно фрлање на комунален и кабаст отпад.

На денешната голема акција за чистење присуствуваа градоначалникот Шилегов, како и директорите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“,Абдусамед Шабани и Адриан Муча.

Поради поволните временски услови, се спроведува и машинско миење на Јадранската магистрала со автоцистерна, а од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила – патарки, метларки и кипери.

Акцијата ќе продолжи во текот на целиот викенд, а во неа земаа учество екипите на ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.

Извор: Град Скопје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *