Град Скопје: Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје на 11.05.2019 година

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.05.2019 година (сабота), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

 
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

Извор: Град Скопје