Град Скопје: Благодарници за храбрите пожарникари кои помогнаа за настраданите во несреќа кај Ласкарци

За покажаната храброст и укажаната несебична помош на настраданите во сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје градоначалникот Шилегов им додели благодарници.

Шилегов денеска им врачи благодарници на пожарникарите Владимир Симоновски, Владимир Кочовски, Цане Пројчевски и Рашо Рожајац коишто беа меѓу првите што укажаа помош на местото на несреќата на автопатот Скопје – Тетово.

Веднаш по информацијата за случената стравична несреќа на патниот правец Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје интервенираа на терен со повеќе специјализирани возила и помагаа во извлекувањето на настраданите патници во автобусот.

Минатата недела Советот на Град Скопје донесе одлука со која како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во оваа сообраќајна несреќа, на секое семејство кое загуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *