Град Скопје: Градоначалникот Шилегов оствари средба со градоначалникот на Тирана, Велиај

Во рамките на вториот ден од генералното собрание на Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа (НАЛАС) што се одржа во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов оствари билатерална средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

Двајцата градоначалници разговараа на повеќе теми од областа на локалната самоуправа, со акцент на можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Тирана и за концептот на паметни градови.

Тие разменија позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена.

Извор: Град Скопје