Град Скопје: Избор на предлог концепти во рамките на ,, Skopje light art district 2019,,

,Skopje light art district 2019 ,,Фестивалот на Светлината ќе се состои од уметничкo – светлосни инсталации и видео проекции кои ќе бидат поставени на различни локации во централното градско подрачје во период од, 29 Мај до 1 Јуни 2019 година.

Повеќе информации за локациите можете да најдете на www.skopjelightartdistrict.com

Право на учество

На конкурсот право на учество можат да земат сите заинтересирани автори кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосни инсталации, видео арт или го користат светлото како главен израз на визуелно и уметничко изразување.

На конкурсот се повикуваат сите заинтересини учесници да аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.  

Услови за финансирање

За добивање на финансиските средства за спроведуавање на фестивалот  “Skopje light art district 2019 “, физичко или правното лице треба да ги исполни следните услови:

·  Физичкото или правното лице да аплицира со инвентивен концепт или дело од областа на светлосната уметност (фокус на Фестивал на светлината),  Истиот може да биде  во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на култура, наука и/или технологија.

·  Апликации за одредена локација треба се во склад со местото , опкружувањето и историското значење на објектите на локацијата .

·  Физичкото или правното лице, да има портфолио од најмалку три (3) реализирани  проекти  од областа на светлосната уметност или креативните индустрии.

·  Во рамките на видео мапирање, сите учесници ќе добијат награда за учество, а победникот ќе ја добие главната награда

Начин на аплицирање

Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите дела или концепти на официјалниот емаил на фестивалотligtfestival@univerzalna.com.mk, или во адресирано плико до Ј.У.  „ Универзална сала“ по пошта на адреса:

бул. „Партизански одреди“ 45.  или лично во Архивата на Ј.У. „Универзална сала“ заклучно со  07.04.2019 година.

· пријавата заинтересираните кандидатите задожително треба да достават:

·  Наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проектот, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција за реализација на истата.

·  Да се наведе локација за која се аплицира кои се обележани на веб – сајтот www.skopjelightartdistrict.com

· Фотографии и/или видео од делата доколку истите биле претходно изложени

· Потребна опрема за реализација на делото

· Професионално портфолио

· Кратка биографија/CV

Трудовите ќе ги оценува стручна Комисија, а за  резултатите од Конкурсот одбраните учесници ќе бидат информирани по емаил најдоцна до 15.04.2019 година.

Пријавените дела кои имаат некаква поврзаност со локацијата за која аплицираат ќе имаат предност во процесот на избор

Комисијата го задржува правото да ги промени локациите на патеката, зависно од потребите .

Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 02/ 3245-615;  или на официјалниот е маил lightfestival@univerzalna.com.mk.

Извор: Град Скопје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *