Град Скопје: Извршена првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни комарци

Во раните утрински часови беше извршена првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје.

Ве потсетуваме дека терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне денеска (19.05) и ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (четврток), а ќе се реализира во период од 23 до 04 часот.

Извор: Град Скопје