Град Скопје: Краток еко час во Едукативниот центар на Зоолошката градина

Во организација на Град Скопје, на ден 22.04.2019 година по повод Денот на планетата Земја во Едукативниот центар на Зоолошката градина се одржа краток еко-час на тема „Вредноста на дивите видови“.

Презентација за природните богатства, видовите животни и растенија беше одржана од страна на Биљана Стевановска во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на локално ниво за спроведување на европското законодавството во областа на заштита на природата“, односно промовирање на „Натура 2000“ што ги почитува и сака да ги заштити на ниво на Европа сите можни видови на растенија и животни.

Учениците од СУГС Гимназија „Орце Николов“ и штитениците од Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“ по едукативниот част засадија дрва во еден дел од Зоолошката градина.

Извор: Град Скопје