Град Скопје: Отстранети 150 кубици отпад од дивите депонии од Аеродром и Кисела Вода

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“, по налог на Град Скопје, денеска спроведоа акција за расчистување диви депонии во населбата Горно Лисиче, на границата меѓу општините Аеродром и Кисела Вода.

Во оваа акција беа подигнати и транспортирани околу 150 кубни метри комунален, градежен и кабаст отпад, а активностите за расчистување на теренот ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат животната средина и јавните површини од загадување, а отпадот од домаќинствата да го одлагаат исклучиво во контејнерите наменети за комунален смет.

Извор: Град Скопје