Град Скопје: Почна доставата на Решенијата за данок на Имот и Фирмарина за 2019 година

Град Скопје ги известува сите даночни обврзници дека во тек е доставувањето на решенијата за данок на имот и за комуналната такса-фирмарина за 2019 година.

Сите обврзници кои немаат платено данок на имот или фирмарина за изминатата 2018 година ќе добијат опомена за неплатен долг.

Сите граѓани кои нема да добијат решенија или доколку во истите забележат одредени неправилности, може да се обратат во Град Скопје во барака број 15, во работните денови за прием на странки, односно во вторник и во петок од 9 до16 часот.Сите забелешки граѓаните можат да ги достават и секој работен ден од 07:30 до 19:30 часот со поднесување  барање на шалтерите во архивата на Град Скопје  или во канцелариите за сметководство на Град Скопје (барака број 16).

Дополнително, сите граѓани во рок од два месеци од добивањето на решението можат сите забелешки и недостатоци да ги пријават, преку приклучување на сајтот на Град Скопје:

E-даноци, https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml  

Преку одделот за пријавување проблеми,

http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/

како и преку електронска пошта на следните адреси:

danoci@skopje.gov.mkanitan@skopje.gov.mk

(за Данок на имот)

Katerina.Gichev@skopje.gov.mk

(за комунална такса – Фирмарина).

 Извор: Град Скопје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *