Град Скопје: Привремен сообраќаен режим на мостот Гоце Делчев

Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре (09.07.2019 година, вторник), поради градежни активности за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, на дел од бул. Гоце Делчев, ќе биде воведен привремен сообраќаен режим, што фазно ќе го опфати потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до крстосницата со улицата Филип Втори Македонски, како и булеварот ВМРО од булеварот Партизански одреди до самиот мост.

Градежните работи ќе се изведуваат во две фази, истовремено во двете насоки на движење на мостот.

Во првата фаза при изведба на градежните работи, сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во две сообраќајни ленти, а сообраќајот на потегот од стара пошта кон Судска палата ќе се одвива само во една сообраќајна лента. Во втората фаза при изведба на градежните работи сообраќајот на потегот од улица Филип Втори Македонски кон бул. Илинден ќе се одвива во само една сообраќајна лента, додека сообраќајот во спротивниот правец ќе се одвива во преостанатите две сообраќајни ленти.

Фазите на времениот сообраќаен режим се со времетраење од 20 денови по фаза, вкупно 40 денови.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Извор: Град Скопје

Град Скопје: Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре (20.03.2019 година, среда) од 7 часот целосно ќе биде затворен за сообраќај делот од булеварот Христијан Тодоровски Карпош на потегот од улицата Ферид Бајрам до улицата Боца Иванова, поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот. За време на градежните работи, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Сообраќајот на оваа делница додека траат градежните активности ќе го регулираат и униформирани полициски службеници или други овластени службени лица. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Извор: Град Скопје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *