Град Скопје: Сликарско истражувачка работилница ,,ReBreathSk” во Ботаничка градина

Градот Скопје како партнер во мрежата на Европските градови на уметничко творештво, давајќи им поддршка на младите уметници ја продолжува реализацијата на активностите на проектот ,,CreArt “.

Музеј на Град Скопје реализираше сликарско истражувачка работилница ,,ReBreathSk” во Ботаничка градина при ПМФ, во која активно беа вклучени учениците на ДСУЛД Лазар Личеноски со своите ментори и професори од ПМФ кои ги запознаа учениците со вреднувањето на билните ресурси како природни пречистувачи на градската средина, коишто ги поседува нашата природа во вид на „реликтни дендро“ примероци и ендемски растенија.

Обидот за решавање на дел од проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје е и преку неопходната едукација на младите за „говорот на уметноста и науката “ како моќна алатка за акцентирање на состојбите со кои се соочуваме во секојдневното живеење и изнаоѓање креативни начини како да го менуваме начинот на сопственото однесување со кое ќе влијаеме врз однесувањето на другите околу нас.

Извор: Град Скопје