Град Скопје: Во рекордно време, заврши реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски

Во рекордно време, за помалку од 2 недели, заврши реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка“ до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски.

Реконструкцијата на улицата ја најави градоначалникот Шилегов на ден 27.05.2019 година, кој додаде дека започнува градежната сезона во чии рамки во наредниот период ќе се реконструираат повеќе сообраќајници во Скопје.

На улицата Димитрија Чуповски се изврши комплетно отстранување на постојниот коловоз и се постави нов асфалт во три слоја. Реконструкцијата се изврши на потег во должина од 240 метри, на површина од 3.750 квадратни метри.

Во наредната фаза предвидена е и комплетна реконструкција на велосипедските и на пешачките патики на овој потег, од двете страни на улицата.

Реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски ја извршија екипите на Бауер БГ, а за реализацијата на овој проект Град Скопје издвои 4.543.285 денари.

Градот Скопје продолжува да работи на намалување на сообраќајниот метеж и на зголемување на безбедноста во сообраќајот, не само преку реконструкција на улиците туку и со изнаоѓање модерни и одржливи решенија што ќе обезбедат непречено функционирање на градскиот сообраќај.

Извор: Град Скопје