ЈА: Конкретни мерки и предлози за намалување на ,,Гломазната” Aдминистрација и Jавен сектор

Тимот на Јавна администрација со конкретни мерки и предлози за намалување на ,,Гломазната” Aдминистрација и Jавен сектор.

Цел: Поефикасна, попродуктивна, помотивирана и европска администрација и јавен сектор – За поефикасни, побрзи и подoбри услуги за граѓаните  и за сите  правни субјекти кои имаат поврзаност и соработка со администрацијата и јавниот сектор.

Предлози и мерки:

  • Пензионирање на административните службеници и вработените во јавниот сектор со навршување на 64 години без право на продолжување на работниот однос.
  • Целосна функционална анализа и систематизација на работните места во цела администрација и јавен сектор.
  • Распоредување на работно место од една државна институција и институција во јавен сектор (каде има превработеност) во друга државна институција и институција во јавен сектор – (каде има недостаток) на вработени – Согласно нивните  професионални и работни компетенции, работна успешност и оценување.

Крајниот резултат е :

Предвидувањата  на Тимот на Јавна администрација е дека со овие предлози и мерки  ,,Гломазната” администрација и јавен сектор од 136.000 вработени ќе се намали за 15 % и притоа нема да има потреба за префрлање на вработени од државен и јавен сектор во приватен сектор.

П.с   Ова се само дел од мерките и предлозите на Тимот на Јавна администрација, читајте Javnaadministracija.mk следуваат уште повеќе во наредниот период.

Извор: Javnaadministracija.mk