ЈА: Курс по Јавен настап за носители на Јавни функции


КУРС ПО ЈАВЕН НАСТАП ЗА НОСИТЕЛИ НА ЈАВНИ ФУНКЦИИ

Шест супер интензивни сесии посветени само за тебе;

Динамика по договор согласно твоите потреби (во период од 5-ти февруари до 15-ти март 2020 година);

Локација во центарот на Скопје (детали ќе добијат пријавените);

Пријавување со уплата на прва рата до: 05.02.2020 (среда) на емаил: prodolzisonasmevka@gmail.com;

Цената е 30.000,00 денари (бруто), со уплата на две еднакви рати.

Детали за уплатата побарај на qнаведениот емаил.
Miroslav Draganov Nikola Zdravković Sabri Aziri

Мирослав Драганов е има 16 години искуство во јавно говорење од кои 13 години во улога на тренер и ментор на многумина учесници. Бил претседател на Клубот на оратори “FORUM ORATORES“ (2008 – 2010 година), а прв победник е на меѓународниот натпревар по јавно говорење во 2009 при Европскиот форум Алпбах и ментор на следниот македонски победник во 2014 година (досега единствени победници, не само од Македонија туку и од Балканот воопшто). Тој е редовно наградуван на разни домашни натпревари (три награди од вкупно три настапи во натпреварувачки дел на Ораторските вечери „Иво Пухан“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје при УКИМ и сл.).

Никола Здравковиќ, член на Клубот на оратори “FORUM ORATORES“ со ораторство се занимава 13 години, од кои 10 години е обучувач и ментор. За време на тие 10 години држел обуки во преку 60 средни училишта, државни институции, политички партии, невладини и граѓански организации. Двократен победник е на Ораторските вечери „Иво Пухан“ при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ (2010 и 2011 година). Како говорник го претставувал Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје со настапи на Правниот факултет при Универзитетот во Белград и на Правниот факултет при московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“.


Сабри Азири со јавно говорење се занимава повеќе од 11 години, а во 2009 година е прогласен за член со најголем придонес во Клубот на оратори “FORUM ORATORES“. Сабри повеќе пати бил активен и препознаен дел од обуките на Клубот на оратори, а има освоено втора награда на натпревар по јавно говорење организиран во рамки на обуката. Исто така тој бил учесник и наградуван и на Ораторските вечери „Иво Пухан“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ.  Сабри низ годиниве успешно ги практикува реторичките вештини и техники со секојдневна работа и непосредна комуникација со голем број домашни и странски клиенти од различни категории.

Извор: Javnaadministracija.mk