Kliknijadi.mk: Дедо Мраз од Лапонија до вашата врата со само еден клик!

Кликни Јади сака да ја врати новогодишната магија во овој тежок период за сите и да ги израдува најмалите, носејќи им новогодишни пакетчиња директно од Дедо Мраз.

Идејата на целата кампања е всушност самата ситуација и неможноста сите кои што сакаат да им однесат пакетчиња на најмилите, да го направи Дедо Мраз наместо нив, вели Роберт Тодоровски, менаџер на продажба и маркетинг на Кликни Јади

Пакетчињата се достапни на веб страницата на Кликни Јади. Едноставно ја креирате нарачката и ја впишувате адресата до каде сакате да патува Дедо Мраз.

По направената нарачка Дедо Мраз од Кликни Јади се упатува на адресата, ѕвони на ѕвончето и весел како и секогаш ќе им подари пакетчиња на оние кои биле умни цела година.

Детската искрена насмевка е она што ни треба во овој период!

Нарачајте тука

Извор: Javnaadministracija.mk