КСС: Со свои претставници на Меѓународната Конференција на балканските земји во Софија

КСС со свои претставници учествуваше на меѓународна конференција на балканските земји под насловот “Придонес на балканските синдикати во процесот на интегрирање и правото на здружување и колективно преговарање” кој се одржа во Софија на 22-23 април 2019 година, а по повод одбележувањето 100 годишнината на МОТ.

На конференцијата присуствуваа 60 учесници од: Балканот и тоа од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Грција и Турција.

На конференцијата се усвои декаларација за нов социјален договор. Новиот социјален договор треба да им обезбеди на сите работници, без оглед на нивните работни ангаржмани или работнички статус: универзално право на доживотно учење; универзална гаранција за труд, вклучувајќи ги основните принципи и права на работното место, стандарди за безбедност и здравје при работа, пристојни плати и универзална социјална заштита.

Тие го изразија општото задоволство од Меѓународната Организација на трудот и работата на комисијата за работата на иднината и заклучија дека е потребно целосно да се искористат можностите со цел да се обезбеди економска сигурност, еднакви можности и социјална правда, со крајна цел зајакнување на сите општества и подобрување на благосостојбата на сите работници.

За време на разговорите и дискусиите на Конференцијата, низ дискусијата  се востанови дека се забележани прекршоци на правото во праксата, како и нарушување на слободата на здружување и колективното договарање на Југоисточна Европа како чест феномен. Улогата на државата е да обезбеди законски одредби, но од клучно значење е да се спроведува законот во пракса.

Панелисти на дискусијата беа Пламен Димитров, претседател на КНСБ / ЦИТУБ, Д-р Хелен Кортлендер, директор на ФЕС-Бугарија, Магнус Берге (Канцеларија на МОТ во Будимпешта) Жероен Беирнает (Светска Конфедерација на синдикати ) Ив Вејер, генерален секретар на “Работничка сила”-Франција.

Извор: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија