КСС: Учесник во „Меѓународна конференција за регионална соработка за БЗР“ во Струга

„Меѓународна конференција за регионална соработка за БЗР“ во организација на Македонско здружение за заштита при работа МЗЗПР се одржа на 29.09.2020 и 30.09.2020 година во хотел „Изгрев“ Струга. На оваа конференција земаа учество стручни експерти од земјава и регионот.

Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија учествуваше во работните сесии, заеднички настап во медиумите како и во др. активности поврзани со организацијата на самиот настан.
Свое излагање имаше и претседателот на КСС, г-дин Благоја Ралповски како учесник на форумот со тема „Проблеми и предизвици во однос на безбедноста и здравјето при работа во услови на пандемија“. На овој форум беа поканети панелисти кои се претставници на синдикатите, организацијата на работодавачи, МТСП и Државен инспекторат за труд. Исто така КСС зема учество во делот на „Промовираме добра пракса и искуства од користење на грантова шема“.
Веруваме дека оваа меѓународна конференција ќе придонесе многу за активирање, подобрување и зајакнување на социјалниот дијалог во нашата земја и ќе ги подобри безбедноста, здравјето и општите услови на работниците па дури и во услови на пандемија.

Извор: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија