КСС: Учество во дводневниот семинар во организација на МЗЗПР

Вчера 17ти и денес 18ти септември 2020, се одржува дводневниот семинар каде главната тема е „проценка на ризик на работното место при изложеност на сарс-ков-2 вирусот“

Овој семинар е во организација на Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР во кој учествуваат инженери за заштита при работа,  доктори од медицина на трудот и претставници од КСС каде предавачот м-р Милан Петковски ги презентираше уставните, законските и стручните основи за признавање на КОВИД-19 за професионална болест, безбедноста и здравјето при работа во време на пандемија поради КОВИД-19, проценка на ризик на работни места и други важни теми од обласна на безбедност и заштита при работа.

Извор: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија