Министерство за култура: Фестивалот ,,Браќа Манаки“ добитник на меѓународна награда ИМАГО за исклучителен придонес за филмската уметност

Меѓународната асоцијација на кинематографи ИМАГО во присуство на светски познати имиња од филмската сцена, на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ свечено му врачи награда за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.

Фестивалот Браќа Манаки беше единствената институција на која и беше доделено ова високо и престижно признание за време на одржувањето на Интернационалното собрание на Федерацијата на директори на фотографијата, на нивното второ издание на доделувањето на меѓународните награди во Белград.

ИМАГО, чија цел е промовирање на кинематографијата на меѓународно ниво, вклучува 53 друштва и има 4.300 членови на професионални сниматели од целиот свет.

На свеченоста во Југословенската кинотека во Белград, награди им беа доделени и на познатиот американски кинематограф Едвард Лакман (Edward Lachman) за животно дело, на Рејчел Морисон (Rachel Morrison), кинематографка од САД и на оскаровецот Дејвид Стамп (David Stump) за извонредни технички достигнувања.

Извор: Министерство за култура

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *