Министерство за култура: Гала концерт на виолинистот Стефан Миленковиќ

Светски познатиот виолинист од Србија, Стефан Миленковиќ , утревечер (23 март) во 20.30 часот ќе одржи гала концерт со оркестарот на Македонската Филхармонија.

На концертот заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Борјан  Цанев, Миленковиќ  ќе го изведе концертот за виолина и оркестар  бр.2 во Б –мол,   „Ла Кампанела” од Николо Паганини.

Миленковиќ својата кариера ја започнал на 5-годишна возраст, но вниманието на светската јавност го привлече на свои 10 години, кога по покана од Белата куќа настапи на т.н. Божиќно шоу, пред тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави – Роналд Реган.

Поради големиот талент Стефан Миленковиќ беше нарекуван, чудо од дете. Тој има настапувано со најпознатите оркестри од светот, а добитник е и на многу награди и признанија, како за изведувачка, така и за хуманитарна дејност.

Извор: Министерство за култура

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *