Министерство за култура: Претставата „Демократија“ премиерно изведена во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

На сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, синоќа  премиерно беше изведена претставата „Демократија“ на авторот Јосиф Бродски,  во режија на Кирил Петрески.

Се работи за македонска праизведба на единственото драмско дело на поетот, есеист и публицист Бродски, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата и на Нобеловата награда за литература од 1987 година.

Инаку претставата „Демократија“ е политичка сатира која духовито и умешно го прикажува неочекуваното воведување на демократија во една мала социјалистичка држава. Во претставата настапуваат: Марјан Чакмакоски, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска и Димитрина Мицкоска. Сценографијата е на Зоран Николовски, костимите на Роза Трајческа-Ристовска, а автор на музиката е Марјан Нечак.

Извор: Министерство за култура

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *