Министерство за култура: Промоција на реставрираниот филмски опус на Кирил Ценески

Во просториите на Кинотека на Македонија утре (21 март) во 12 часот, ќе се одржи промоцијата на ДВД изданието на дигитално реставрирани долгометражни играни филмови на Кирил Ценевски,  „Црно семе“, „Јад’, „Оловна бриграда“ и „Јазол“.

На промоцијата  на оваа уникатна колекција на филмови, најавено е и присуството на српскиот актер со македонско потекло Лазар Ристовски, како и македонската актерка од Хрватска, Костадинка Велковска.

Филмот на Кирил Ценевски „Црно семе“, е  првиот македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали.

Извор: Министерство за култура

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *