Министерство за локална самоуправа: Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески на меѓународна конференција за општински иновации MuniWorld 2019

Заменикот министер за локална самоуправа, Дејан Павлески и градоначалниците на општините Велес и Гази Баба, Аце Коцевски и Борис Георгиевски, учествуваат на меѓународната конференција за општински иновации, MuniWorld 2019, што од 26 до 28 февруари се одржува во Тел Авив.

Организатор на Конференцијата е Федерацијата на локални власти на Израел.

Во рамките на Конференцијата, се одржува и MuniExpo 2019, најголемиот годишен настан во организација на Федерацијата на локалните власти на Израел.

Заменикот министер Павлески оствари средба со претседателот на Федерацијата, Хаим Бибас, со претставници на локалната самоуправа и на бизнис заедницата од Израел, како и со делегации од други земји. На средбите беше искажан интерес за соработка со Северна Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески и градоначалниците Аце Коцевски и Борис Георгиевски имаа средба и со амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Ден Оријан, на која што претставници на израелски компании презентираа иновативни решенија за развој на туризмот.

Конференцијата MuniWorld, како и MuniExpo се организираат трета година по ред и се исклучителни настани за запознавање со последните инивативни решенија на тема паметни градови-иновации, оддржливост, стратегии и пристапи во урбанистичкото планирање, транспортот, управувањето со отпад и други услуги, унапредени со користење на нови технологии.

Годинава конференцијата акцентот го става на урбаната безбедност и иновациите. Заради поголема безбедност во градовите е нагласена неопходноста од соработка меѓу локалните власти, службите за безбедност и граѓаните, соработка со компаниите и користење на иновативни решенија, градење на стандарди од страна на меѓународната заедница и преземање на поголема одговорност од страна на социјалните медиуми.

На Конференцијата учествуваат над 200 претставници на локалната власт, министри, претставници на научни и финансиски институции и на бизнис секторот од Израел. Беше искористено присуството и на околу 900 учесници од многу други земји од целиот свет како можност за вмрежување и соработка, како и со над 170 компании од Израел кои што ги презентираат своите најнови иновативни решенија за подобрување на услугите и на безбедноста во градовите

Извор: Министерство  за локална самоуправа

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *