Министерство за надворешни работи: Прв ден од работната посета на МНР Димитров на Брисел

На првиот ден од работната посета на Брисел, МНР Никола Димитров оствари средба и со МНР на Кралството Шведска, Маргот Валстром.

На средбата, од страна на МНР Валстром, беше изразена јасна поддршка за европските перспективи на Северна Македонија, оценувајќи го Договорот од Преспа како историско достигнување за нашата земја, за регионот, но и за Европа.

МНР Димитров се осврна на постигнувањата во клучните реформски области важни за европската иднина на земјата и го истакна значењето на поддршката од пријателска Шведска: „Нашиот единствен пат е патот кон ЕУ, а на тој пат помошта и поддршката од вистинските пријатели се неопходни”.

Извор: Министерство за надворешни работи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *