Министерство за надворешни работи: Соопштение

Земајќи ги предвид обврските за примена на одредбите од Преспанскиот договор, Делегациите на Република Северна Македонија и на Грција во Заедничкиот Комитет имаа суштинска дебата и усвоија интензивен работен план за постигнувањето на заеднички прифатените решенија, врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.

Работејќи во колегијална и конструктивна атмосфера, двете делегации особено внимание посветија на прашањето за наставните програми и учебниците што се во употреба и договорија нивно усогласување согласно духот и словото на Преспанскиот договор.

Оттука, беше одлучено следниот состанок на Заедничкиот Комитет да се одржи во Атина на 12 и 13 април 2019г., на кој што се очекува работата од вториот состанок да биде надградена и унапредена, а со цел да се формулираат препораките за идно одобрување од страна на Советот за соработка на високо ниво.

На Вториот состанок е потврдена одлучната заложба на членовите на Заедничкиот комитет, новите генерации во двете земји и во регионот да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка.

Извор: Министерство за надворешни работи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *