Министерство за транспорт и врски: Интензивирана е изградбата на првиот дел од пругата кон Бугарија, до крај на годината ќе биде завршена

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП МЖ-Инфраструктура, Ирфан Асани, денеска, извршија увид во изградба на првата фаза на пругата кон Република Бугарија, делницата Куманово – Бељаковце.

Инвестициите во изградба на железничката мрежа во Република Северна Македонија се од особено значење за регионалното поврзување и економскиот развој на земјата, потенцираше вицепремиерот за економски прашања Анѓушев, кој додаде дека се надминати сите предизвици на оваа делница и интензивирана е изградбата на овој дел од пругата кон Бугарија.

Тој дополни дека ова е првата од трите делници кон Бугараија, која што ја гради германската компанија Вибе и чини околу 40 милиони евра, средства од заем од ЕБОР. Во однос на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, вицепремиерот објасни дека тендерската постапка е во фаза на евалуација, и се очекува дека до крајот на годината ќе се заврши процесот. Втората фаза е со рпоценета вредност од околу 140 милиони евра, од кои 68 милиони евра се грант од ВБИФ, а остатокот е заем од ЕБОР.

“Во моментот кога оваа влада ја презема должноста изградени беа 23 проценти, тоа е направено во изминатите 15 години колку што оваа траса се спомнува. Сега, за оваа година и половина изгардени се околу 42  проценти или со други зборови завршени се околу 70% од градежните активности. Оптимисти сме, мислам дека сириозно ги придвиживме работите за изградба на оваа траса, тоа може да се види и на терен од она што го гледаме. Јас сум лично задоволен од тоа што го гледам, сите подготвителни работи и работи во делот на документацијата се решени и сега не ни преостанува ништо друго освен интензивно да работиме на терен“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

„Целата делница од Куманово до граниицата со Р. Бугарија ќе чини околу 580 милиони евра. Најмногу ќе чини последниот дел, бидејќи трасата се наоѓа во планините и тој ќе минува низ тунели, тој е делот од Крива Паланка до бугарска граница и предвиден е да чини 405 милиони евра. Веќе се обезбеди 60,8 милиони евра од ИПА програмата и за оваа делница“заврши Анѓушев. 

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека градежните работи на оваа делница веќе се интензивираат на терен и се очекува некаде до средината на идната година првата фаза од пругата кон Бугарија да биде завршена.  Во однос на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, министерот Сугарески потенцираше дека до крај на оваа година ќе се избере фирма – Изведувач.

„Ги интензивиравме градежните работи на оваа делница и според нашите очекувања пругата ќе биде завршена до средината на следната година со поставување на сите електрични уреди. Во меѓувреме тече евалуацијата на тендерската постапка за избор на Изведувач за втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. Документите се предадени до ЕБОР и некаде кон крајот на годината очекувам да имаме избрано фирма – Изведувач. Изградбата на вториот дел ќе започне од средината на 2020 година. Веќе информиравме дека се обезбедени пари за оваа делница и тоа 70 милиони евра неповратни средства од ЕУ и 70 милиони евра заем од ЕБОР. Нашата цел е да создадеме модерна и функционална железничка мрежа и да овозможиме нашата земја да остане клучен транзитен центар на Балканот“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани истакна дека најпроблматичните делови на пругата се завршени, останатиот дел од работите е процес за кој бара дополнителни технички зафати.

“Мислам дека до 31 декември можеме да кажеме дека пругата е завршена. Се наоѓаме на местото Шупли Камен, некаде на средина од тие 30 километри меѓу Куманово и Бељаковце. Веќе  8 километри имаме нова пруга која е поставена и која може да се користи.  Дел од нејзе веќе ја користиме за транспорт на репрометријали до фабриката 11 Октомври, друг дел очекуваме да го решиме со надвозникот. Заедно со Владата планираме да го решиме и овој дел бидејќи тука има населени места, а истовремено поминува и Коридор 8 и Коридор 10, што е многу значајно место. Со Владата разговараме и за пругата Кичево-Лин, да бараме средства, бидејќи Коридор 8 без делот кон Република Албанија не е целосен. Идејата е да имаме алтернатива, согласно студијата тоа би значело 20 пара возови на ден”, изјави директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани. 

Извор: Министерство за транспорт и врски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *