Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: Државниот инспекторат за земјоделство – Пронајдени 123 рибарски мрежи во Дојранското езеро, одземени 29 килограми крап од угостителски објекти во Дојран

Во текот на викендот, Државниот инспекторат за земјоделство, во координирана акција со МВР од ПС за ГП и ГН – Богородица и ПС за ГП и ГН – Стар Дојран, во водите на Дојранското езеро пронајдоа 123 рибарски мрежи од различен вид и големина на окца со единечна должина од 50 – 70 метри или вкупна должина од 6150 – 8610 метри и еден Струк ( конец на кој на секој два метри се поставени јадици ) во должина од околу 200 метри. Од мрежите се извадени 5 килограми црвеноперка и 3 килограми караш. Поголемиот дел од мрежите бил наменет за лов на крап, но во ниту една мрежа не било констатирано присуството на крап.

Видно беше присуството на голем број спортски риболовци кои ловат од всидрен чамец, но поради немањето на концесионер на Дојранското езеро, согласно законот за рибарство е забранет секаков вид на риболов и против прекршителите ќе бидат превземени соодветни мерки.

Во текот на акцијата, 13 инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство,  извршија инспекциски надзор над 8 угостителски објекти кои се лоцирани на Дојранското крајбрежје. Во еден угостителски објект беа  одземени 29 килограми риба од видот крап,поради не поседување на документација за потекло,  додека во три угостителски објекти надлежните инспектори издадоа Решенија со кои правните субјекти се задолжија да достават документација за потекло на рибата најдена во нивниот угостителски објект.    

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *