Министерство за животна средина и просторно планирање: УНЕА 4,Најроби-Подржана Заедничката регионална визија за иновативни решенија за загадување за Југоисточна и Јужна Европа

Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање учествува на четвртата седница на Собранието на Обединетите нации за животна средина (UNEA 4) која од 11 до 15 март се одржува во Најроби, Кенија.

Собранието кое е највисоко светско тело за донесување одлуки за животната средина,  годинава е фокусирано на иновативните решенија за предизвиците во животната средина и одржливата потрошувачка и производство. Од учесниците е покажано високо ниво на  амбициозност  и фокусираност за справување со еколошките предизвици поврзани со управувањето со сиромаштијата и со природните ресурси, вклучувајќи ги системите за одржлива храна, безбедноста на храната и задржувањето на загубата на биодиверзитетот; воведување пристапи на животниот циклус на ефикасноста на ресурсите, енергијата, хемикалиите и управувањето со отпадот и обезбедување на одржлив развој на бизнисот во време на брзи технолошки промени.

Од посебно национално и регионално значење е пропратниот настан кој се одржа вчера вечер, на 12 март, на кој беше презентирана Заедничката регионална визија за иновативни решенија за загадување, која како регионален процес е силно поддржана од ОН. Визијата содржи голем број препораки и обврски во врска со следењето, намалувањето и спречувањето на загадувањето и предвидува создавање регионален пристап за соработка во борбата за надминување на загадувањето во Југоисточна Европа. Произлезена е од Белградската министерска конференција за “Иновативни решенија за загадување во Југоисточна и Јужна Европа” од декември минатата година, која по многу нешта беша уникатна и го обнови духот на соработка за ризиците поврзани со загадувањето, особено за потребата од иновативни одговори соодветни за регионот. 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *