Министерството за одбрана: Плакета и признание на државниот секретар Николиќ од страна на Комитетот на иницијатива SEDM

На државниот секретар на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, Драган Николиќ вчера му беше врачена Плакета и признание од страна на Претседавачот на координативниот комитет на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (SEDM-CC), Амбасадорот, Елефтериос Ангелопулос на предлог на директорот на Претседателството на Комитетот, Генерал-мајорот Ахилефс Тауксис.

Ова признание беше доделено за време на 41-от Состанок на Политичко-воениот Управувачки Комитет и 40-от Состанок на Координативниот Комитет на иницијативата SEDM, на министрите за одбрана на Југоисточна Европа, што се одржува во Ханија, Република Грција и му се доделува на Николиќ за досегашениот личен придонес во воспоставувањето и развојот на Проектот – IMIHO – интернет поврзување на Воените болници на земјите членки на SEDM иницијативата.

Проектот е повеќегодишен, развиен на заедничка платформа и е од особено значење за развој на телемедицината, како и размена на медицинска документација и информации. Oваа активност претставува уште една потврда во насока на јакнење на регионалната соработка на земјите од западниот Балкан и пошироко.

Државниот секретар, Николиќ се заблагодари на признанието и доделената Плакета и уште еднаш го истакна значењето на проектот во рамките на SEDM иницијативата.

Извор: Министерството за одбрана

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *