МИОА: Годишен извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор 2018

Во јавниот сектор на Република Северна Македонија активни се 1,314 институции, во кои работен однос имаат засновано 132,068 лица. Од нив 19,904 лица се вработени во Армијата на Република Северна Македонија, Агенцијата за разузнавање, Министерството за внатрешни работи и органите во негов состав со статус на овластени службени лица за кои во Регистарот се водат податоци само за бројот, но не и за нивната структура. Министерство за информатичко општество и администрација во овој извештај ја информира јавноста само за бројот на вработени преку Агенциите за привремени вработувања и во Акционерските друштва. Во Извештајот е направена анализа на структурата на податоци за 112,164 вработени во јавниот сектор, од кои жени се 60,593, додека мажи се 51,571. Просечната возраст на овие вработени изнесува 45.95 години, кај жените просекот е 45.16 години, додека кај мажите 46.89 години. Од сите вработени, 347 се без образование, 118 се полуквалификувани, 225 се квалификувани, 10,015 се со основно образование, 38,373 се со средно образование, 4682 се висококвалификувани, 1,069 се со вишо образование, 50,301 се со високо образование, 5,053 се магистри, а 1,981 се доктори на науки. Во однос на етничката структура, 83,993 се Македонци, 22,060 се Албанци, 2,110 се Турци, 1,355 се Роми, 1,019 се Срби, 450 се Бошњаци, 423 се Власи, а 754 се други или не се изјасниле.

 

Извор:  Министерство за  информатичко општество  и администрација