МИОА: Јавна расправа за измени на Законите- ЗВЈС и ЗАС

Министерството за информатичко општество и администрација, ќе одржи јавна расправа за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници

Јавната расправа ќе се одржи во Клуб на пратеници на 15-ти април 2019 од 11:00 часот.

На јавната расправа ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, советникот за администрација на МИОА, Билјана Жагар Николовска и директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација