МИОА: Министерот Шаќири го посети градоначалникот на општина Чаир, Ганиу

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска го посети градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

На средбата се разговараше за можностите за меѓусебна соработка, при што беше констатирано дека е неизбежна соработката меѓу извршната и локалната власт, со цел поефикасна администрација и тоа преку изготвување Стратегии за ефективна работа, обуки и професионален развој на државната администрација.

Двајцата соговорници се согласија дека ефикасна администрација значи подобри услови за граѓаните.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација