МИОА: Министерот Шаќири оствари работна средба со француски амбасадор Бомгартнер

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири вчера оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер.

Министерот Шаќири на амбасадорот му посака добредојде и успешна работа во нашата земја, потенцирајќи ја досегашната успешна и продуктивна соработка со Француската амбасада, за што изрази благодарност. Посебен акцент беше ставен на соработката во делот на спроведување обуки на француски јазик за вработените во јавната администрација.

На работната средба се разговараше за тековните и идни проекти на Министерството за информатичко општество и администрација во делот на реформа на јавната администрација. Двајцата соговорници се согласија дека француските искуства се пожелни и добредојдени и има простор за уште поголемо продлабочување и унапредување на соработката, во наредниот период.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација