МИОА: Плакета со повелба, како највисоко признание за поддршка и соработка со Царинската управа

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски учествуваше на традиционалната свеченост по повод Денот на Царинската управа- 14ти април.

На свечената церемонија беа доделени плакети и пофалници,  на организации, поединци, царински службеници и организациони единици од Царинската управа, кои во 2018 година дадоа значаен придонес во напредокот на институцијата.

Во таа насока, на заменик министерот Бајдевски му беше врачена Плакета со повелба за безрезервна поддршка на МИОА и ангажман во воспоставувањето Интероперабилност со новиот систем за обработка на царински декларации (СОЦДАД) со другите владини институции.

На свеченоста присуствуваа високи претставници на државата, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, Колегиумот на Царинската управа и претставници на сите царинарници.  

Поздравно обраќање имаа Претседателот на Владата на Република Северна Македонија г-дин Зоран Заев, заменик министер за финансии г-ѓа Ширет Елези и директорот на Царинска управа г-дин Ѓоко Танасоски. Исто така, беше презентиран новиот концепт на “Дигитална Царина” како и Годишниот извештај за работата на Царинската управа во 2018 година.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација