МИОА: Прв состанок на работната група за изработка на нов Закон за организација на органите на државна управа

Во рамки на активностите за реорганизација и оптимизација на институциите, вчера се одржа првиот состанок на работната група за изработка на нов Закон за организација на органите на државна управа.

На состанокот учествуваа министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, водач на овој проект, Слаѓана Тасева, претставници од релевантни институции, граѓански сектори и политички партии.

Истакнувајќи дека МИОА  е секогаш отворено за соработка, министерот Шаќири го поздрави започнувањето на овој процес, со кој на транспарентен начин ќе се дојде до крајната цел: модернизирање на администрацијата која ќе биде ефикасна и професионална.

На денешниот состанок беше утврдена динамиката на активностите во однос на подготовката на новиот закон, при што учесниците имаа можност да го разгледаат предлог акцискиот план и првиот нацрт на Законот, како и да разменат мислења во таа насока. Воедно, беа договорени наредните чекори за спроведување на целиот процес, во кој Министерството за информатичко општество и администрација е водечка институција.

На крајот на овој процес ќе имаме 16 министерства кои ќе креираат политики, како и агенции во рамките на министерствата кои ќе ги имплементират политиките и инспекторати кои ќе вршат инспекциски надзор.

Овие активности се дел од ИПА проектот “Поддршка за реорганизација на јавната администрација”, кој започна во ноември 2019та година, а во рамките на кој беше спроведена и функционална анализа на институциите.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација