МИОА: Работен состанок со Mastercard

На иницијатива на министерот за информатичко општество и администрација д-р Јетон Шаќири, а со цел унапредување на угледот на Северна Македонија како модерна и иновативна земја во Европа, беше остварена работна средба со менаџерот на MasterCard за Северна Македонија, Албанија, Косово и Бугарија, г-а Ванја Манова, како и главниот директор на Евротраст г-дин Георге Димитров.

Во следните месеци МИОА интензивно ќе соработува со компанијата со цел дизајнирање и спроведување низа дигитални решенија, кои ќе се фокусираат на верификување и докажување на верификацијата и идентитетот, преку паневропски интероперабилен модел за целите на дигитална трансформација на бизниси, владата и општеството.Република Северна Македонија ќе биде една од првите држави со решенија за дигитална идентификација во Европа.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација