МИОА: Работна средба со директорката на Светска Банка РСМ и регионален директор, г-а Ван Гелдер

Вчера во просториите на МИОА имаше работна средба помеѓу министерот за информатичко општество и администрација д-р Јетон Шаќири и директорката на Светска Банка за Северна Македонија и регионален директор, г-а Линда Ван Гелдер.

На средбата министерот искажа благодарност за досегашната соработка и техничка помош добиена од страна на Светска банка  и ја нагласи важноста од динамизирање на соработката во однос на започнување на имплементација на проектот за дигитална економија.

Министерството, во координација со останатите институции како на централно и локално ниво, ќе продолжи активно да ја поддржува агендата за подобрување на дигиталната инфраструктура, како и искористување на постоечките капацитети за поврзување, како на ниво на државата, така и на регионално ниво, преку иницијативата за дигитална магистрала на Западниот Балкан.

Двете страни се договорија во следниот период, преку работните групи да се усвои временска рамка за конкретните мерки и активности.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација