МИОА: Работна средба со министерот за локална самоуправа, Милевски

Соработката меѓу двете министерства во однос на реформите во јавната администрација и дигитализацијата, беа темите на работната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Двајцата соговорници се согласија дека реформите треба да продолжат, со цел поголема професионализација на администрацијата, која треба да биде вистински сервис за граѓаните, со зголемена ефикасност, транспарентност, отчетност и одговорност.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација