МИОА: З.М Бајдевски е во работна посета на Талин, Естонија

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски е во работна посета на Талин, Естонија.
Тој заедно со претставници на МИОА, денеска оствари средба со Пирет Урб, шеф на оддел за меѓународни односи, РИА и со Уку Сарекано, раководител на одделот за сајбер-безбедност.
Делегацијата предводена од заменик-министерот Бајдевски оствари средби и со Андруш Каарелсон, во својство на генерален директор на РИА, Сандра Сарав, директор за глобални прашања при Одделот за државни информатички системи и Јанек Розов, претставник од Министерството за економија и комуникации – одделение за развој на услуги на информатичко општество.

На крајот на денешниот работен ден, Бајдевски се сретна и со Пирет Сарти, раководител на Одделот за земјишни регистри, Центар за регистри и информатички системи (РИК).
Посетата на Талин, Естонија, на делегацијата од МИОА, продолжува и утре.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација