МК: Агенцијата за филм на Канскиот филмски фестивал 2019

Со филмот „Смртта не умира“ – „The Dead Don’t Die“ на американскиот автор Џим Џармуш, вечерва во Кан свечено ќе биде отворено  72. издание  на Канскиот филмски фестивал.Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и годинава најновите македонски филмови ќе ги претстави на својот штанд во павиљонот на Југоисточна Европа.

Во рамките на фестивалот, на отворањето на програмата Cannes Directors’ Fortnight 2019 на 15 мај, со почеток во 16:45 во Théâtre Croisette ќе биде прикажан омнибус од пет краткометражни филмови кои се реализирани со поддршка на филмските фондови од регинонот и во кој со свој филм ќе учествува и македонската авторка, Елеонора Венинова.

На филмскиот маркет, пак, на 17 мај, во 18:00 часот, во салата GRAY 3, ќе биде прикажан филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, ко-продукција помеѓу Мануфактура (Македонија), Media&Film (Косово) и Ska-ndal (Албанија). Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и Генерално собрание на Асоцијацијата на директори на Европски филмски агенции, како и третата работилница од програмата за развој на сценарија, на која и претходеа, работилниците во Стердин, Полска и во Берлин на Берлинскиот Филмски Фестивал.

Дел од оваа работилница ќе биде македонскиот автор Вардан Тозија кој беше селектиран за учество со сценариото за долгометражниот игран филм со работен наслов „М“, кој финасиски е поддржан од Агенцијата за филм и е во фаза на претпродукција. Агенцијата за филм, ќе присуствува на неколку битни состаноци меѓу кои е и Генералното собрание на Европски клуб на продуценти  како и на 64 Генерално собрание на EFP и на сите придружни активности кои што се во организација на мрежата за светска промоција и маркетинг на Европската кинематографија.

На Канскиот филмски фестивал ќе биде и раководителката на МЕДИА Деск МК, Бистра Георгиева која ќе учествува на Европскиот филмски форум „Европски таленти: зајакнување на креативниот потенцијал“, како и на годишните состаноци на претставниците на програмата Креативна Европа МЕДИА каде се договараат идните стратегии и можни соработки помеѓу десковите.

Извор: Министерство за култура