МК: „Арапска ноќ“ премиерно во Прилепскиот театар

На сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, утре (17.5.2019 година)  во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Арапска ноќ“ од Роланд Шимелфениг,  во режија на Зоја Бузалковска.

Според режисерката Бузалковска, оваа динамична драма со пет лика е напишана на специфичен јазик, каде што ликовите зборуваат во трето лице или гласно ги коментираат своите мисли, а потоа влегуваат во дијалог.

Елементите на трилер, пак, ја градат неизвесноста во развојот на дејството.  Во претставата играат: Игор Трпче, Даниела Иваноска, Александар Степанулески, Димитар Ѓорѓиeвски и Ангела Наумоска. Сценографијата и костимите се на Јулијана Воjкова-Најман, а музиката е на „Фолтин“.

Претставата „Арапска ноќ“ е првиот од четирите проекти што се дел од годинашната програма на Прилепскиот театар.

Извор: Министерството за култура