МК: Филхармонијата во одбележувањето на манифестацијата „Гоцеви денови“

На 4 мај (сабота) во Камерната сала на Филхармонијата во 19 часот, по повод 116 годишнината од смртта на македонскиот револуционер, Камерниот оркестар на Филхармонијата ќе одржи концерт, а ќе биде збогатен со музички уметници – гости од Бугарија.

Под диригентство на маестро Христо Христов од Бугарија, оркестарот ќе изведе дела од Перголези, Сибелиус, Бах, Бетовен, де Фаља, Маскањи, Вагнер, како и неколку композиции од Христо Христов, посветени на Гоце Делчев.

Извор: Министерство за култура